JAGUAR APPROVED PROMISE

Проверени, гарантирани и подготвени за акција. Програмата за одобрени возила од Jaguar е изработена со цел да ви го овозможи истото ниво на квалитет, услуга и корисничко задоволство кое би го добиле при купувањето на нов автомобил. Смиреноста на умот се подразбира кога избирате од нашите одобрени користени/претходно поседувани автомобили. Можете да пребарувате низ нашата национална база на податоци со сигурност; секој автомобил е темелно проверен од специјалисти-техничари и е покриен со нашата сеопфатна гаранција.


search approved cars

НЕОГРАНИЧЕНА КИЛОМЕТРАЖА ВО ТРАЕЊЕ ОД ДВЕ ГОДИНИ/KM ИЛИ 100.000 МИЛЈИ/KM ГАРАНЦИЈА ЗА ОДОБРЕНИ ВОЗИЛА ОД JAGUAR

Гаранцијата за одобрени возила од Jaguar важи исклучиво за возила кои се стари помалку од 5 години и кои имаат поминато помалку од 100.000 милји/километри во времето на купување и се достапни само преку овластен продавач на Jaguar. Оваа сеопфатна покриеност е еквивалентна на гаранција за ново возило. Користејќи само оригинални делови од Jaguar, таа ги опфаќа поправките за ненадејните и неочекуваните механички или електрични неисправности, а целата работа ја извршуваат исклучиво нашите обучени техничари. Ништо помалку. Нема ограничување за бројот на побарувања кои може да се направат до куповната цена на автомобилот, а гаранцијата ви дава минимална покриеност од две години. Ова е достапно само преку овластен продавач на Jaguar.

24/7 ПОМОШ НА ПАТИШТА ВО ТРАЕЊЕ ОД 24 МЕСЕЦИ ЗА В. БРИТАНИЈА И ЕВРОПА

Помошта од Jaguar е сеопфатна програма за помош, специфично наменета за возачите на Jaguar, за да им овозможи целосна смиреност на умот. Програмата овозможува помош при секаков итен случај со моторни возила, од имобилизација поради дефект или несреќен случај, до помали итни случаи како дупната гума или загубени клучеви. Сите возила одобрени од Jaguar се покриени за целото времетраење на гарантниот период со помошта за патишта за В. Британија и Европа. Ова важи 24 часа во денот, 365 дена во годината и вклучува стартување пред домот, изнајмување на автомобил, понатамошни патни аранжмани, ре-испорака на возило, сместување и услуга за управување при несреќен случај. Сето ова е опфатено во услугата.

ПРОВЕРКА ВО 165 ТОЧКИ

Имаме листа за проверка која се состои од 165 точки и до која мора доследно да се придржуваме. Ова дава гаранција дека автомобилот е во најдобра можна електрична и механичка состојба и дека шасијата е беспрекорна. Користејќи ја најновата технологија, алатки и дијагностичка опрема, нашите техничари ги извршуваат овие проверки со најголема строгост. Проверката секогаш вклучува бојосување, внатрешност, целосна подготовка на моторот, тест на патиштата и финална проверка пред автомобилот да биде лично одјавен од страна на еден од техничарите на Jaguar. Сите автомобили треба да ги поминат сите 165 проверки за да станат одобрени од Jaguar.


ПРЕБАРАЈТЕ ОДОБРЕНИ ВОЗИЛА

За да се испорачаат потребните нивоа на професионализам, вештина и внимание на детали, потребни се посебен тип на луѓе. Целиот ремонт го извршуваат обучени техничари од Jaguar кои користат посебни алатки, дијагностичка опрема и оригинални делови од Jaguar. Секогаш работиме според највисоките стандарди и токму затоа само нашите одобрени продавачи ги извршуваат овие работи.

НЕЗАВИСНА ПРОВЕРКА НА КИЛОМЕТРАЖАТА И ИСТОРИЈАТА

Историјата на секој автомобил темелно се прегледува преку независно истражување кое е водечко на пазарот. Сите автомобили се испорачуваат со независно потврдена километража и сертифицирана историја на сопствеништво, со цел да се потврди дека не постојат финансиски побарувања за возилото и дека не било украдено или отпишано. Ова ви овозможува да возите безбедно знаејќи дека вашето ново возило одобрено од Jaguar има целосна историја и ги дава очекуваните резултати.

ТЕСТИРАЊЕ НА ПАТИШТАТА

Секој автомобил подлежи на тест на патиштата, при кој нашите техничари ги оценуваат уникатните карактеристики на перформансите за секој автомобил. На пример, суспензијата, вибрациите, системите за сопирање, перформансите на моторот, преносот и девет други специфични области се надгледуваат со цел да се обезбедат врвни перформанси. Накратко, ова значи дека вашиот одобрен Jaguar е како нов.

НЕЗАВИСНО ПРОВЕРЕНИ

За да ги задржиме високите стандарди коишто си ги наметнуваме себеси и на нашите продавачи, редовно се извршува независна проверка на нашата услуга, објекти и персонал. Ова ги опфаќа сите аспекти на програмата за одобрени возила од перспектива на клиентот, вклучувајќи ги објектите и самите автомобили.

Чувството кај секој автомобил од Jaguar е подеднакво добро како на денот на производството, без разлика дали е нов или одобрен. Така што, можете да бидете сигурни дека вашиот одобрен Jaguar е проверен, освежен и во подеднакво добра состојба како ново возило. За да ви гарантираме дека возилото го напушта продавачот во беспрекорна состојба, воведовме ветување за одобрени возила кон клиентот. Ова ви дава целосна смиреност на умот и се грижи вашиот автомобил да ви го овозможи најпријатното можно возење

Search Approved cars