Jaguar сака да користи колачиња за да ги зачува информациите на вашиот компјутер, со цел подобрување на нашата веб-страница. Едно од колачињата кои ги користиме е неопходно за да функционираат одредени делови од веб-страницата и е веќе поставено. Можете да ги избришете или да ги блокирате сите колачиња од оваа веб-страница, но одредени делови од неа нема да функционираат. За да дознаете повеќе околу колачињата кои ги користиме и како да ги избришете, погледнете ја нашата политика на приватност.


OK
Approved

ОДОБРЕНО ВЕТУВАЊЕ ОД JAGUAR

Кога не можете да познаете дека е користено/претходно поседувано, тогаш е одобрено од Jaguar

ОДОБРЕНО ВЕТУВАЊЕ ОД JAGUAR

Чувството кај секој автомобил од Jaguar е подеднакво добро како на денот на производството, без разлика дали е нов или одобрен. Така што, можете да бидете сигурни дека вашиот одобрен Jaguar е проверен, освежен и во подеднакво добра состојба како ново возило. За да ви гарантираме дека возилото го напушта продавачот во беспрекорна состојба, воведовме ветување за одобрени возила кон клиентот. Ова ви дава целосна смиреност на умот и се грижи вашиот автомобил да ви го овозможи најпријатното можно возење.



<b>Неограничена километража во траење од две години/km или 100.000 милји/km Гаранција за одобрени возила од Jaguar</b>

Неограничена километража во траење од две години/km или 100.000 милји/km Гаранција за одобрени возила од Jaguar

Гаранцијата за одобрени возила од Jaguar важи исклучиво за возила кои се стари помалку од 5 години и кои имаат поминато помалку од 100.000 милји/километри во времето на купување и се достапни само преку овластен продавач на Jaguar.

Оваа сеопфатна покриеност е еквивалентна на гаранција за ново возило. Користејќи само оригинални делови од Jaguar, таа ги опфаќа поправките за ненадејните и неочекуваните механички или електрични неисправности, а целата работа ја извршуваат исклучиво нашите обучени техничари. Ништо помалку. Нема ограничување за бројот на побарувања кои може да се направат до куповната цена на автомобилот, а гаранцијата ви дава минимална покриеност од две години. Ова е достапно само преку овластен продавач на Jaguar.

Пребарајте одобрени возила
<b>24/7 помош на патишта во траење од 24 месеци за В. Британија и Европа</b>

24/7 помош на патишта во траење од 24 месеци за В. Британија и Европа

Помошта од Jaguar е сеопфатна програма за помош, специфично наменета за возачите на Jaguar, за да им овозможи целосна смиреност на умот. Програмата овозможува помош при секаков итен случај со моторни возила, од имобилизација поради дефект или несреќен случај, до помали итни случаи како дупната гума или загубени клучеви.

Сите возила одобрени од Jaguar се покриени за целото времетраење на гарантниот период со помошта за патишта за В. Британија и Европа. Ова важи 24 часа во денот, 365 дена во годината и вклучува стартување пред домот, изнајмување на автомобил, понатамошни патни аранжмани, ре-испорака на возило, сместување и услуга за управување при несреќен случај. Сето ова е опфатено во услугата.

Пребарајте одобрени возила
<b>Проверка во 165 точки</b>

Проверка во 165 точки

Имаме листа за проверка која се состои од 165 точки и до која мора доследно да се придржуваме. Ова дава гаранција дека автомобилот е во најдобра можна електрична и механичка состојба и дека шасијата е беспрекорна. Користејќи ја најновата технологија, алатки и дијагностичка опрема, нашите техничари ги извршуваат овие проверки со најголема строгост. Проверката секогаш вклучува бојосување, внатрешност, целосна подготовка на моторот, тест на патиштата и финална проверка пред автомобилот да биде лично одјавен од страна на еден од техничарите на Jaguar. Сите автомобили треба да ги поминат сите 165 проверки за да станат одобрени од Jaguar.

Пребарајте одобрени возила
<b>Пребарајте одобрени возила</b>

Пребарајте одобрени возила

За да се испорачаат потребните нивоа на професионализам, вештина и внимание на детали, потребни се посебен тип на луѓе. Целиот ремонт го извршуваат обучени техничари од Jaguar кои користат посебни алатки, дијагностичка опрема и оригинални делови од Jaguar. Секогаш работиме според највисоките стандарди и токму затоа само нашите одобрени продавачи ги извршуваат овие работи.

Пребарајте одобрени возила
<b>Независна проверка на километражата и историјата</b>

Независна проверка на километражата и историјата

Историјата на секој автомобил темелно се прегледува преку независно истражување кое е водечко на пазарот. Сите автомобили се испорачуваат со независно потврдена километража и сертифицирана историја на сопствеништво, со цел да се потврди дека не постојат финансиски побарувања за возилото и дека не било украдено или отпишано. Ова ви овозможува да возите безбедно знаејќи дека вашето ново возило одобрено од Jaguar има целосна историја и ги дава очекуваните резултати.

Пребарајте одобрени возила
<b>Тестирање на патиштата</b>

Тестирање на патиштата

Секој автомобил подлежи на тест на патиштата, при кој нашите техничари ги оценуваат уникатните карактеристики на перформансите за секој автомобил. На пример, суспензијата, вибрациите, системите за сопирање, перформансите на моторот, преносот и девет други специфични области се надгледуваат со цел да се обезбедат врвни перформанси. Накратко, ова значи дека вашиот одобрен Jaguar е како нов.

Пребарајте одобрени возила
<b>Независно проверени</b>

Независно проверени

За да ги задржиме високите стандарди коишто си ги наметнуваме себеси и на нашите продавачи, редовно се извршува независна проверка на нашата услуга, објекти и персонал. Ова ги опфаќа сите аспекти на програмата за одобрени возила од перспектива на клиентот, вклучувајќи ги објектите и самите автомобили.

Независно проверени